Грција бара меѓународна помош за пожарите, 6 лица со изгореници пренесени во болница
Грција доставила барање за меѓународна помош во гаснењето на пожарите, соопштија од грчката противпожарна служба.
- Поради големиот обем и интензитет на пожарите и опасноста, нашата земја поднесе барање, преку Европскиот механизам за цивилна заштита, за меѓународна помош по воздух и земја, рече Ставрула Малири портпаролка на грчката противпожарна служба и објасни дека 6 лица со изгореници биле пренесени во болница.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, според грчките медиуми, воени бродови и фрегата, со одлука на началникот на Генералштабот на грчката армија, ќе се упатат кон плажите во близина на жариштето во источниот дел на областа Атика, за да спасат граѓани кои се заглавени и не можат да си заминат поради затворените улици и интензитетот на пожарот. Дел од граѓаните, според истите информации, се упатиле кон плажите за да избегаат од огнената стихија, а единствен начин да се евакуираат е по воден пат.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек