Гран при за монодрамата „Те чекам злато“ и актерката Јоланта Поденојте
Литванската актерка Јоланта Поденојте е годинашниот победник на Интернационалниот фестивал за монодрама што синоќа заврши во Битола.
Според одлуката на меѓународното стручно жири, актерката Поденојте од театарот во Клајпеда која ја изведе монодрамата „Те чекам злато“ остави најсилен впечаток во конкуренција на монодрамски остварувања на актери од САД, Израел, Ерменија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Србија и Македонија.
Согласно востановената традиција, на фестивалот во Битола со гласање беше доделена и награда од публиката која за најдобра ја прогласи монооперата „Дневникот на лудиот“ што ја изведе хрватскиот актер Озрен Грабариќ, а ја режираше битолчанецот Марјан Неќак. За овој заеднички проект на ММТ-Битола и НУ Центар за култура-Битола, публиката даде најмногу гласови, беше истакнато на синоќешното затворање на 18. Интернационален фестивал за монодрама „Битола 2016“.
Во чест на наградените, фестивалската завеса ја суштија актерите од Театар Комедија-Скопје кои ја изведоа претставата „Случајот Хармс“ од Данил Хармс, а во режија на Дино Мустафиќ.
Фестивалот во Битола го организираше националната установа Центар за култура, а како и секоја година така и оваа покровител беше Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје