Град Скопје одбележува 80 години од основањето на Првиот скопски партизански одред
Со положување цвеќe пред Споменикот на Првиот скопски партизански одред во Карпош 3, со настапи на Академскиот хор „Мирче Ацев“ и Академскиот хор „Оро“ од Ниш и кино-проекција на филмот „Ослободувањето на Скопје“, во режија на Раде и Данило Шербеџија, Град Скопје денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред (22 август 1941 – 22 август 2021).
Одбележувањето ќе почне во 10 часот со историска едукативна тура за млади во Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработување на оружје за време на НОВ (1941-1944) во Скопје, а останатите активности се предвидени во 19 часот пред Споменикот на Првиот скопски партизански одред во Карпош 3.
Првиот скопски партизански одред претставува никулец на организираното народно-ослободително движење во Македонија на кој се надоврзуваат прилепскиот, кумановскиот, вториот скопски, велешкиот, битолскиот партизански одред…. бригадите, баталјонот „Мирче Ацев“, па се до дивизиите и корпусите.
Во партизанските редови на одредот биле 42 партизани од кои 17 го загубиле животот во текот на војната, а од нив тројца – Александар Урдаревски, Раде Јовчевски-Корчагин и Боро Петрушевски се прогласени за народни херои.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?