-->
-->
Горниот дом на рускиот Парламент ги замрзна контактите со Парламентот на Турција
-->
Советот на Федерацијата - Горниот дом на рускиот Парламент, ги замрзна контактите со Парламентот на Турција по инцидентот со соборениот руски авион Су-24, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешни работи Константин Косачев.
- Нашите контакти со колегите од турскиот Парламент, кои досега имаа интензивен карактер, сега се замрзнати... Не гледам никаква смисла за одмрзнување на контактите додека турските пратеници доста наивно и категорично ја штитат позицијата на претседателот на Турција. Во тој случај нема смисла за таков дијалог, посочи Косачев.
Претходно и руската Државна дума ги замрзна контактите со турскиот Парламент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави