Балкан
30. March 2017 - 10:20

Голема исповед на сопругот на убиената пејачка

Зоран се сомнева дека неговата сопруга е убиена од страна на психопат кој можеби го познавала од претходно. 

Тој се сомнева  дека монструмот ја повикал Јелена како и дека можеби го видела и тој кобен ден кога се случила трагедијата. 

Јелена Марјановиќ е убиена на 2. април минатата година додека џогирала на насипот во Црвенка каде отишла со сопругот Зоран и ќерката Јана. Во првите часови од истрагата и Марјановиќ имаше статус на осомничен, како и членовите на неговото семејство. 

- Јелена била пејачка. а на своите настапи секогаш гледала да оствари добар контакт со публиката, без оглед на тоа дали станува збор за мажи и жени, криминалци, поранепни затвореници, политичари или обични луѓе. Кој знае, можеби меѓу тие криминалци се наоѓа и тој психопат, можеби и пишал порака, а за тоа може таа не ни зборувала бидејќи сметала дека нема опасност или не сакала да не плаши, вели Зоран. 

- Можеби го видела и тој ден во Борча кога отидовме да трчаме, можеби нас не пратил од таму, додава тој