Голема еко акција в сабота во Карпош
Голема еко акција ќе се одржи задутре во 10 часот во Општина Карпош, најави денеска градоначалникот Стефан Богоев. Тој ги повика сите граѓани, невладини организации, граѓански здруженија, приватни и општествено одговорни компании и институции што се наоѓаат на територија на Општина Карпош да се приклучат на акцијата.
– Еколошката акција ќе се одржи на повеќе пунктови и тоа: Кеј на Вардар на две собирни места, во 10 часот под хотелот „Александар Палас“ кај фитнес зоната, и од другата страна кај крајот на булеварот „Илинден“ кај патеката што води до мостот Газела спроти Карпош 4. Пункт кај Министерството за економија на улица „Јуриј Гагарин“. На булеварот „Партизански одреди“ четири собирни пунктови, во 10 часот сите четири, и тоа автобуската постојка и пекарата Мал одмор спроти Симпо, кај Симпо, кај мостот „Обединети Нации“ кај воените кули, како и спроти воените кули кај трите бели кули во Карпош 4. Следен пункт на Тото кај млечен, пред кафе бар Ли, на Тото во трговскиот центар Лептокарија, на коцката пред кафе барот Ревија, како и пред порта Влае на плоштадот Делфина. Ракавиците, кесите и сета опрема за собирање ќе биде обезбедена од страна на општината, рече Богоев.
Додаде дека по завршување на саботната акција општината ќе излезе со јавен повик до сите општествено одговорни компании, граѓани, претпријатијата на Град Скопје и другите држави и институции со повик за целосна нивна поддршка во механизација и човечка сила да се вклучат во одреден датум, што подоцна ќе биде истакнат, за чистење на целиот дел по долж на реката Вардар каде што пред неколку дена избувна пожар.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори