Ф1
29. November 2020 - 19:52

ГН Бахреин: Победа на Хамилтон во сенка на неколку инциденти

Светскиот првак Луис Хамилтон продолжи со победите во шампионатот во Формула 1 и денеска на ГН на Бахреин ја прослави својата 95-та победа во кариерата. 
Трката мина во знакот на неколку инциденти  а жестоко заврши за Ромен Грожан кој имаше контакт со рускиот возач Квјат по што неговиот болид експлодираше а Французинот избегна трагедија за само неколку секунди. 
Во продолжението на трката следуваше и превртувањето на Ленс Трол но за среќа се добро се заврши а Хамилтон ја прослави 11-тата победа оваа сезона искачувајќи се на пиедесталот задено со Ферстапен и Алекс Албон од Ред Бул.