Македонија
4. February 2024 - 16:43

Г.г. Стефан: Не колку ние се гордееме со Гоце Делчев, туку колку и дали Гоце се гордее со нас

Не колку ние се гордееме со Гоце Делчев, туку колку и дали Гоце се гордее со нас и дали сме достојни да ги браниме неговите идеали- со суштинска порака на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан се одбележаа 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Секој од нас и сите заедно треба да размислуваме не само колку ние се гордееме со него туку колку и дали Гоце се гордее со нас, потребно е да се запрашаме колку и дали за достојни родолјубци не смета Гоце, и колку и дали гледајќи ги нашите поединечни и заеднички дела во нас угледува свои вистински чеда кои ги чуваат и се подготвени да ги бранат неговите идеали и аманети.

Државниот врв, политички партии, градоначалници, амбасадори граѓани, положија цвеќе и се поклонија пред гробот на македонскиот револуционер. Владината делегација ја предводеше вицепремиерот Бојан Маричиќ, а новиот технички премиер Џафери не дојде на чествувањето.

Гоце Делчев би бил горд за се што направивме, кажа поранешниот премиер Ковачевски.

Тука сме во црквата Св. Спас каде што и самиот Гоце Делчев побарал да биде погребан во независна, суверена Република Македонија и ние навистина можеме да бидеме горди не само што тој почива во независна Македонија, туку Македонија која напредува, која е дел од НАТО која ќе стане дел од ЕУ и навистина може и тој и сите ние да се гордееме со тоа што го направивме во изминатите децении.

Со порака Да се бориме за Македонија и идеалите на Гоце Делчев, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го честиташе одбележувањето на 152 годшнината од раѓањето на Делчев.

Да не ги заборавиме и силно да ги чуваме неговите идеали, борба и цели, да се бориме за Македонија. Само така ќе покажеме и почит кон великанот. Македонија силна, достоинствена, наша и почитувана, напиша Мицкоски на фејсбук.

Невообичаено, мирно и без тензии помина чествувањето во црквата Св. Спас каде почиваат моштите на Делчев. Бугарски делегации оваа година не дојдоа во Скопје, немаше провокации и конфликти ниту пред црквата ниту на граница.

Причината за достоинственото одбележување на 152 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, вицепремиерот Бојан Маричиќ ја гледа во тоа што стивнале тензиите од францускиот предлог, а во Бугарија има нова Влада.

Минатата година тројца бугарски државјани беа приведени на граничниот премин Деве Баир, на пат кон црквата Свети Спас, откако со часови провоцираа и се обидоа и физички да се пресметаат со граничарите.

Тогаш, тројца бугарски државјани беа приведени на граничниот премин Деве Баир откако со часови провоцираа, се караа и се обидуваа дури и физички да пресметаат со граничарите.