Германскиот министер за правда побара посериони дипломатски мерки против Турција
Германскиот министер за правда, Хеико Маас денеска побара посериозни дипломатски мерки кон Турција, пренесе ДПА.
Маас изјавата ја даде ден откако германското Министерство за надворешни работи го повика турскиот амбасадор во врска со приведувањето на германскиот активист Петер Штојтнер во Истанбул.
Тој посочи дека не треба да се исклучи ниту едно средство за вршење притисок, додавајќи дека Германија ќе треба да се консултира со ЕУ пред да донесе некакви одлуки.
Шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, денеска се враќа во Берлин, откако го прекина својот летен одмор за да преземе активности со врска со спорот.
Дипломатските односи меѓу Берлин и Анкара во последните неколку недели се влошија заради приведувањето на Штојтнер и други германски државјани во Турција, како и заради одбивањето на турските власти на германските пратеници да им одобрат посета на германските војници во воените бази во Турција.
Ново на Сител
-
Инвестирање во капацитети и стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Затворена зоолошката во Скопје, потврден е „птичји грип“
-
Перински: Ќе се кандидирам за градоначалник на Скопје, ако анкетите покажат рејтинг
-
Затворена зоолошката во Скопје, има сомнеж за „птичји грип“
-
Георгиева: Не чека тешка иднина, најпогодени ќе бидат сиромашните
-
Перински: Незаконски е општини да ја финансираат Албанската академија