Македонија
19. October 2024 - 19:45

Затворена зоолошката во Скопје, потврден е „птичји грип“

Вратите на зоолошката во Скопје ќе останат затворени во следните три недели. Агенцијата за храна и ветринарство потврди присуство на птичји грип. Вирусот бил откриен кај угината гуска во езерцето на зоолошката, па сите птици кои биле на истата локација, денеска се убиени.

„По лабораториски резултат од Факултет за ветеринарна медицина, потврден е случај на присуство на високопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1. Во текот на денешниот ден спроведен е надзор во Зоолошката градина и извршено е хумано убивање на 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата“, информира Агенцијата за храна и ветеринарство. 

Во наредните 20тина дена, зоолошката ќе биде под посебни мерки.. Вратите ќе останат затворени, а внатре ќе испитува дали болеста е проширена и кај останатите птици.

„Забранет е влез и излез на животни од зоолошката градина, ограничено е движењето на посетители, наредени се мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во зоолошката градина за присуство на вирусот Птичју грип, зголемување на биосигурносните мерки со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширење надвор од зоолошката градина кај животните и луѓето“, информираат од АХВ.

Од установата во текот на денот обвинија дека инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, во придружба на вооружени лица без објаснување убивале птици за кои од зоолошката велат дека имале слободен пристап до дворот, а истите шетале и во градскиот парк.. 

Споделија и снимки на кои се гледаат повеќе лица облечени во скафандари како пукаат кон птиците. Обинуваат за измислен проблем со цел затворање и нарушување на угледот на зоолошката.

„Без налог, решение или било каков друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа во ЗОО Скопје и извршија масакр врз птиците. Без образложение, овие лица по наредба на диркторот на АХВ, а без доказ до овој момент убија неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина“

Поранешниот директор Галетановски ги повика поситетелите на зоолошката кои имале контакт со птиците, да си направат тестирање.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство тврдат дека убивањето било хумано и согласно Правилник за постапување со животни за време на убивањето.

„По сомнеж и по потврда на заразна болест кај животните, официјален ветеринар согласно Закон за ветеринарно здравство веднаш го става одлгедувалиштето под официјален надзор и наредува мерки за убивање и нештетно отстранување а сите приемчиви животни во одгледувалиштето и други мерки за сузбивање и искоренување на заразната болест. Убивањето се врши со хумани методи на постапување со зивотните за време на убивањето“ .

Птичји грип во земјава последно е регистриран пред две години во населени места близу Виница, Штип и Злокуќани во Карпош.