Затворена зоолошката во Скопје, има сомнеж за „птичји грип“
Затворена е зоолошката градина во Скопје. На влезот, посетителите ги дочекува известување дека поради техничко оперативни работи, зоолошката нема да биде отворена. Во дворот пак камерата на Сител забележа инспектори на Агенциајта за храна и ветеринарство, во придружба на полицијата која зема изјави од вработени.
Поранешниот директор Галетановски прв информираше дека објектот е затворен заради сомнеж дека во зоолошката се појавил птичји грип.
Од Агенцијата за храна и ветринарство за Сител велат дека нивни инспектори се веќе на терен и ги прават неопходните проверки. Зошто е затворена зоолошката и што се истражува, ќе информирале дополнително.
Од установата пак обвинуваат дека без никакво објаснување, инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, во придружба на вооружени лица утринава веќе убиле неколку птици за кои од зоолошката велат дека имале слободен пристпат до дворот, а истите шетале и во градскиот парк.
Споделија и снимки на кои се гледаат повеќе лица облечени во скафандари како пукаат кон птиците. Обинуваат за измислен проблем со цел затворање и нарушување на угледот на зоолошката.
„Без налог, решение или било каков друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа во ЗОО Скопје и извршија масакр врз птиците. Без образложение, овие лица по наредба на директорот на АХВ, а без доказ до овој момент убија неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина“, велат од Зоолошката градина.
ЗОО активистот и советник во градот Скопје тврди дека се работи за птичји грип, па затоа е затворена зоолошката. Вели, загрижувачки е што бактеријата е смртоносна за птиците, но е опасна и за луѓето.
Во зоолошката пред 3 дена почина лавот донесен од Белград, а пред два месеца беше евтанизирана една од слониците. Лани беа отруени три расни коњи, а во градината повеќе нема ниту една жирафа.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар