Свет
20. October 2024 - 17:21

Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел

Околу стотина ракети беа лансирани денеска од Либан кон Израел, кои вклучија сирени во регионот на Западна и Горна Галилеја, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Некои ракети беа соборени, а неколку паднаа, предизвикувајќи пожар, се додава во соопштението на израелската војска.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани противпожарни и спасувачки служби.