Германија започна процес за добивање чиста и безбедна нуклеарна енергија
Германски научници се подготвени да извршат нуклеарна фузија што може да доведе до обезбедување на чиста и безбедна нуклеарнна енергија за генерациите пред нас, јави дописникот на МИА од Берлин.
На тестот, на кој што треба да биде присутна и германската канцеларка Меркел, која е доктор на физички науки, истражувачите ќе вбризгаат мала доза на водород во специјална направа и ќе го загреваат додека да се претоври со супер топол гас, познат како плазма. На тој начин ќе се имитира состојба каква што може да се најде само во внатрешноста на Сонцето.
Експериментот во Институтот „Макс Планк“ во Грајфвалд во североисточна Германија е дел од светските напори да се дојде до контролирана нуклеарна фузија, поцес во кој атомите се соединуваат при екстремно висока температура и ослободуваат огромно количество енергија.
Научниците засега тврдат дека комерцијалната употерба на енергијата од нуклеарна фузија нема да биде можна во наредниве дваесетина години, но смеаат дека тоа е најдобриот начин да се заменат сегашните извори на енергија од фосилни горива и реактори со класична нуклеарна фисија.
Споредена со нуклеарната фисија, што произведува огромно количество на радиоактивен материјал кој не се распаѓа со векови, одпадот од нуклеарната фузија е незначителен.
Ново на Сител
-
Завршни консултации за измени на законот за локална самоуправа
-
Пациентките приморани да чекаат со недели за мамограф и ехо преглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите