-->
-->
Георгијадис: Невакцинирањето е важна причина за отпуштање од работа
-->
Ако некој вработен, со неговиот избор да не се вакцинира, ја става компанијата во опасност, тогаш тоа е важна причина да биде отпуштен, рече министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгијадис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.
Георгијадис, сепак објасни дека пред да стигне до отпуштање, компанијата ќе треба да ги исцрпи сите можности што стојат на располагање, како што е на пример работа од дома.
Вакцинацијата во Грција, засега, задолжителна е за здравствените работници и за вработените во центрите за грижа на лица.
Во конкретните центри, доколку вработен одбие да се вакцинира, нема да биде отпуштен од работа, туку ќе биде на принуден неплатен одмор на неодредено време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ нотира: Македонија не го рециклира отпадот – Зошто нема имплементација на легислативата за управување со отпадот?
-
Од недела прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, во Газа продолжија израелските напади
-
Преглед на вестите од светот
-
Бугарија доби политичка влада, ќе ја предводи Росен Жељазков
-
Трет ден протести на синдикатот на УПОЗ
-
Независниот синдикат на администрацијата на средби во Владата
-
Охрид се подготвува за Водици
-
ЕУ нотираше - отпадот во Македонија не се рециклира