Во Грција едно од двете седишта на европската програма за безбедни сателитска телекомуникации GOVSATCOM
– Со одлука на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, Грција и Германија се избрани за седишта на програма на ЕУ за безбедни сателитски телекомуникации GOVSATCOM, соопштија од грчките Министерства за одбрана и дигитално управување и објаснија дека со ова земјата „презема централна улога во спроведувањето на една од најкритичните безбедносни инфраструктури на ЕУ, што во Грција ќе функционира најмалку до 2051 година“, јави дописничката на МИА од Атина.
Во заедничкото соопштение од двете Министерства објаснија дека станува збор за „проект што ја зајакнува геополитичката позиција на земјата и ја прави клучен играч во безбедносната архитектура на Европската унија“.
Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас рече дека центарот GOVSATCOM „ќе обезбеди безбедни и сигурни сателитски комуникации за одбраната на земјата, заштита на клучната инфраструктура и управувањето со кризи во Европската унија“.
GOVSATCOM се однесува на сателитски комуникациски услуги за Европската унија и нејзините земји-членки и ги олеснува безбедносните мисии и операции и управувањето со клучните инфраструктури.
Пристапот до GOVSATCOM е неопходен во делови без копнена инфраструктура, како што се поморски, воздушни, оддалечени области, арктичкиот регион или делови каде што постоечката копнена инфраструктура е несигурна, прекината или уништена.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом