Гаши: Од никого никогаш не сум барал да прекрши закон
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска изјави дека интерпелацијата за него не е политички издржана. Осврнувајќи се на неколкуте забелешки и медиумски написи за него во изминатиот период, но и тврдењата во самото барање за интерпелација, рече дека не направил никаква повреда на секуларноста, како и дека не побарал од никого да бидат прекршени меѓународните или домашните закони.
- Од никого никогаш не сум барал да прекрши закон, изјави Гаши на првиот брифинг со новинарите по преземањето на фукцијата претседател на Собранието, одговарајќи на новинарски прашања во врска со случајот со косовската претседателка Вјоса Османи и со неговото приватно патување со службени возила на свадба во Косово.
Гаши зборуваше и за уставните измени, за активностите на Собранието, но и за тоа дека коалицијата „Вреди“ треба да прерасне во една политичка партија.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер