ФЗО: Почна исплатата на боледувањата, породилните и рефундациите
ИТ-експертите ги финализираат процесите и функционалностите во Фондот за здравствено осигурување и со тоа започна исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разни рефундации, соопшти денеска ФЗО на РСМ.
Оттаму тврдат дека речиси сите модули се ставени во функција, по хакерскиот напад на оваа институција со којашто беа оневозможени услугите.
-Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, стои во соопштението.
ФЗО посочува дека е во тек и враќањето во функција и на ДРГ системот, за евиденција на болничките услуги, за што јавноста навремено ќе биде известена.
ФЗОРСМ во соопштението се заблагодарува за трпението и разбирањето и најавува дека ќе извествестува во текот на денот, за сите информации.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ