Форум за безбедност во Охрид
„Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“ е темата на 4. Форум за безбедност што се одржува од денеска до 30 овој месец во Охрид, во организација на Маршал центарот од Република Македонија.
На отворањето на форумот ќе се обрати министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Маршал Центарот од Република Македонија го организра форумот четврта година по ред во партнерство со Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ К. Маршал и со поддршка на Одделот за јавна дипломатија на НАТО и Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим.
На годинашниот форум, покрај преставниците на алумни асоциите на Џорџ К. Маршал центарот од земјите од Западен Балкан, ќе учествуваат повеќе истакнати професори, аналитичари и експерти од регионот и пошироко.
На Форумот ќе говорат и проф. д-р Џим Шерока од САД, поранешниот пратеник во Европскиот парламент Ханс Свобода и Горазд Бартол, шефот на мисијата на НАТО во Скопје.
Ново на Сител
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот