Форбс: Реал останува највреден фудбалски клуб во светот
Мадридски Реал трета година по ред ја предводи листата на највредни фудбалски екипи во светски рамки, покажува истражувањето на специјализираниот финансиски магазин Форбс.
Според Форбс, вредноста на актуелниот европски првак се проценува на 6,6 милијарди долари.
Веднаш зад Реал е Манчестер јунајтед чија вредност порасна на 6,5 милијарди долари, откако британскиот милијардер Џим Ретклиф годинава стана малцински член на хартиите од вредност на клубот, поради продажбата на делови од акциите на американското семејство Глејзер.
Ретклиф треба да преземе 28,9% од сопственоста на клубот од Манчестер до крајот на тековната календарска година.
На листата на Форбс следуваат Барселона (5,6 милијарди долари), Ливерпул (5,4 милијарди долари), Манчестер Сити (5,1 милијарди долари), Баерн Минхен (5 милијарди долари), ПСЖ (4,4 милијарди долари), Тотенхем (3, 2 милијарди долари), Челзи (3,1 милијарди долари) и Арсенал (2,6 милијарди долари).
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство