Филипче разочаран поради непочитување на препораките од директорката: Ќе има одговорност
Директорката на Клиниката за кожни болести е 4-тиот потврден случај со Корона вирус во државата. Иако се вратила од кризните подрачја на Италија не ги почитувала препораките на Министерството за здравство и продолжила да оди на работа.
Во изјава за Сител министерот за здравство Венко Филипче кажа дека во моментов пациенти кои имаат симптоми на грип се тестираат за Коронавирус но резултатите не се готови. Дел од нив се дојдени од Бугарија а дел се поврзани со пациентите стигнати во Дебар а позитивни на Коронавирус. Ниту еден од пациентите кои се тестираат не бил во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести.
Сите лица кои биле во контакт со директорката која пет дена одела на работа, контактирала со специјализанти и имала Конгрес на дерматолози каде имало стотина лекари се контактирани и во домашна изолација. Клиниката ќе биде затворена и пациентите ќе бидат пренасочени на другите одделенија за Дерматологија кои функционираат.
Филипче истакна дека чувствува разочараност поради непочитувањата на препораките на Министерството за здравство од страна на директорката и дека во првиот можен момент ќе бидат превземени соодветни мерки, односно таа ќе биде суспендирана.
Министерот рече дека во изолација има 64 здраствени работници и 24 пациенти, додека пак во Дебар е во изолација матичниот лекар на двајцата заболени.
Ново на Сител
-
Одземени 672 парчиња брендирана роба во дојранско
-
Путин ги испраќа Лавров и Ушаков на разговори со САД во Ријад
-
Умбер ја одбрани титулата во Марсеј
-
Тотенхем победи во дербито и ги продлабочи проблемите на Манчестер Јунајтед
-
Седум мексикански фудбалери се осудени на вкупно 57 години затвор поради местење натпревари
-
Нивото на водата во Охридското Езеро 23 сантиметри под просекот за февруари
-
Во Франција почнува судењето на хирургот обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Изминатата недела санкционирани 150 непрописно паркирани возила во општина Центар