Филипче: Болните деца во Гевгелија се негативни на Ковид-19, ќе се испитува што ја предизвикало инфекцијата
Тим од Клиниката за детски болести од Скопје денеска во Гевгелија заедно со тамошните лекари во Општата болница ќе испитуваат од каква респираторна инфекција заболеле педесеттина деца и бебиња. Тестовите за Ковид-19 кај децата биле негативни, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој истакна дека сè уште нема информации ниту детали за тоа за каква инфекција се работи и од што е таа предизвикана.
-Ваков тип на инфекции не се карактеристични за летниот период, туку за есен, и затоа ќе се испитува што ги предизвикало, истака Филипче одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Според информациите со кои тој располага вакви случаи не се пријавени во други градови во земјава.
Во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство соопшти дека вкупно 50 деца и бебиња од Гевгелија во изминатиов месец побарале лекарска помош во локалната општа болница, со респираторна инфекција која не е типична за овој период од годината.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?