-->
-->
Ферари најбрз на Хунгариринг - Фетел прв, Раиконен втор
-->
Возачите на Ферари ги освоија првите две места на денешната трка за Големата награда на Унгарија што се возеше на патеката Хунгароринг. Прв целта ја мина Себастијан Фетел, кој ја имаше и пол позицијата и не дозволи во ниту еден момент да биде симнат од првата позиција. Второто место го освои Кими Раиконен, додека трет беше Валтери Ботас од Мерцедес.
За Фетек ова беше четврта победа сезонава или вкупно 46.та во кариерата.
Луис Хамилтон трката ја заврши како четвртопласиран, па така сега Фетел ја зголеми разликата во генералниот пласман.
Фетел води во генералниот пласман со 202 бода, Хамилтон има 188, а Ботас 169. Кај конструкторите Мерцедес е прв со 357 бодови, пред Ферари со 318.
Следната трка се вози по летната пауза на 27.август за Големата награда на Белгија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола