Фејсбук: Нашата мрежа може негативно да влијае врз луѓето
Во одредени случаи користењето на Фејсбук може да има негативно влијание на расположението на луѓето, а корисниците кои се повеќе време поминуваат на социјалната мрежа имаат проблеми со психичкото здравје, изјавија директорот за истражување во Фејсбук, Дејвид Финсберг и научникот Моира Бурка.
- Истражувачите веруваат дека читањето за другите луѓе може да доведе до негативно социјално споредување, оценуваат истражувачите на Фејсбук.
Тие додаваат дека многу важно е како се користат социјалните мрежи, бидејќи тоа понатаму влијае на здравјето и однесувањето на луѓето.
Компанијата во моментот е мета на критики бидејќи на моделот на рекламирање адаптирано на тие кои поминуваат најмногу време на Фејсбук, заработи 28 милијарди долари.
- Луѓето кои поминуваат многу време впивајќи информации, читајќи, не воспоставуваат контакт со другите луѓе, тврдат дека потоа се чувствуваат лошо, се наведува во заклучокот од истражувањето на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит