Фараж се заканува со „сеизмички шок“ во Британија ако не се случи Брегзит
Привремениот лидер на антиевропската, десничарска Партија за независност на Обединетото кралство (УКИП), Најџел Фараж, се закани денеска со „сеизмички шок“ во Велика Британија, доколку до 2020 година, не се случи Брегзит.
На прием во лондонскиот хотел „Риц“ организиран за да се прослави неговиот придонес во победата на Брезит, Фараж зборувал за главните политички настани во оваа година- референдумот за ЕУ, од 23 јуни и победата на Доналд Трамп, на изборите во САД- нарекувајќи ги двата настани-револуционерни.
Тој рекол дека во Америка, со триумфот на Трамп се случила „тотална револуција, затоа што „Обама и сите негови грозни и ужасни луѓе„, сега се надвор од политиката.
-Во Британија, лугето (на референдумот) кажаа што сакаат, но овде, едни исти луге се вртат околу шаховската табла, па нас Британците и натаму не водат кариеристи д политичката класа.
Не знам како ќе се развиваат работите, но претпоставувам дека претстои сеизмички шок во британската политика, можеби уште на следните парламентарни избори.
Во Британија работата не е завршена, па затоа претстојат големи битки во кои јас ќе продолжам да се борам- рекол Најџел Фараж во своето обраќање на приемот.
Заканата до актуелната власт и до сите британски политичари за „револуцијата„ која и се заканува на Британија, доаѓа по изјавата на Доналд Трамп за тоа дека Фараж би бил многу добар британски амбасадор во САД и брзата реакција на официјален Лондон, кој студено го отфрли таквиот предлог.
Фараж првично тврдеше дека не занел ништо за предлогот на Трамп, но подоцна се налути што владата не ги сака неговите услуги.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство