Џет-Сет
18. April 2018 - 18:55

Еве што се случуваше денеска на судењето: Јелена даваше автограми, а Цеца доби плишано мече од фановите пред судот

Јелена карлеуша и Цеца Ражнатовиќ денеска повторно се соочија во Првиот основен суд, по повод приватната кривична тужба која ја поднесе Јелена. Обидот за мирење не успеа, бидејќи судењето беше одложено, а пејачките отпосле ќе бидат известени за следното рочиште.

И Јелена и Цеца се појавија во Првиот основен суд нешто по 11 часот, а во судницата кратко се задржаа, зошто, судијата на која и бил доделен случајот починала на почетокот на април.

Двете дојдоа насмеани, Јелена во црна комбинација, а Цеца во ведри бои, а нивните обожаватели ја искористија оваа можност да ги поздрават пејачките.

Така Јелена пред судницата делеше автограми на госпоѓите кои го искористија вистинскиот момент...

Расположената Јелена Карлеуша делеше автограми пред судницата

...и расположена разговараше со нив.

ФОТО: Telegraf.rs

А Цеца по излегувањето од судница ја пречека друго изненадување, исто така од еден обожавател. Доби плишано мече и се согласи на селфи

Цеца пред Првиот основен суд со плишано мече

ФОТО: Марко Јовановиќ

Цеца со обожавателка пред Првиот основен суд