Македонија
18. July 2016 - 13:27

Еве какво време не очекува во наредните денови

Во наредните денови во Македонија се очекува стабилно време со постепен пораст на температурите.
 
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
 
Температурата во среда ќе се движи од 11 до 31 степен, во четврток од 12 до 32, во петок од 14 до 35, а за време на викендот од 15 до 37 степени.