Ескорт дама тврди што мажите сакаат од жените

Мажите бараат и сакаат емотивно и физичко друштво со личност која не ја комплицира реалноста, што значи дека не е секогаш пресуден надворешниот изглед. Ова е искуство на Бела Лара од Перт, која за "Дејли Меил" открила дека таа води живот на ескорт дама, живот од кој научила многу работи.
"Живеам многу интересен живот и секогаш ќе се гордеам со тоа. Тоа ми помогна брзо да созреам и да бидам посеризона личност. Работејќи ја оваа работа, научив да ги прифатам луѓето такви какви што се и дека не треба да ги менувам. Мојот престој во Азија 2015 година беше крај за мене и таму почнав да се занимавам со ескорт", вели 22 годишната девојка.
Таа вели дека сака слободен животен стил и дека е посебно интересна за своите клиенти, бидејќи секому му пружа она што посакуваат.
На студентите му давала можност за прв секс, искуство, а на повозрасните можност за емотивно да се изразат и поврзат со некој.
"Јас сум бринета со сино - зелени очи, мали гради и сум многу шармантна. Мажите всушност ги привлекува тоа што имам рамнотежа, односно жена која многу работела на својата природна дарба за заведување на мажите. Својата дарба ја развив толку многу и сега ја користам за да заработам и да ги усреќам клиентите. Сакам да разговарам, да се смеам и сум многу опуштена, а сето тоа ги привлекува мажите", објасна Бела.
"Многу клиенти ми рекле дека повторно ме изнајмувале поради сериозноста и карактерот, а не поради мојот изглед. Комуникативна сум и лесно се вклопувам во нова средина, мажите тоа го сакаат. Моите теми не се оптеретувачки, а знам да бидам и сериозна кога ситуацијата тоа го бара", рекла Бела.
Ново на Сител
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
