Свет
21. јуни 2024 - 11:01

Еруптираше вулканот на Камчатка

Вулканот Каримски во централниот дел на Камчатка еруптираше по речиси две години.

Вулканот исфрла пепел до висина до 5,5 километри, објави на својот канал на Телеграм, Институтот за вулканологија и сеизмологија на далечниот источен огранок на Руската академија на науките.

Вулканската активност може да претставува опасност за авионите вклучени во локалниот воздушен сообраќај, поради што е издадено советување за воздушен сообраќај.