Ердоган ги поздрави ракетните напади врз Сирија, бара крај на злосторствата на Асад
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги поздрави ракетните напади на САД, Франција и Британија врз Сирија.
- Сирискиот режим прими порака дека неговите злосторства нема да останат неодговорени. Недолжниот сириски народ одамна требаше да биде заштитен, изјави Ердоган при партиски состанок во Истанбул. Ердоган веќе телефонски зборуваше со британската премиерка Тереза Меј, а најави разговор и со францускиот претседател Емануел Макрон.
Русија го критикуваше ставот на Турција во врска со Сирија. Константин Косачев од Комисијата за надворешни работи на рускиот Федерален Совет изјави дека позицијата на Ердоган е грешка и е водена од турските претензии кон Сирија.
Во меѓувреме, од балканските држави и Хрватска и Албанија изразија поддршка за ракетниот напад врз Сирија. Хрватското Министерство за надворешни работи побара да се заштити сириското цивилно население и да му се обезбеди пристап до храна, како и да се формира независен механизам за утврдување на одговорноста за хемиските напади.
Албанскиот претседател Илир Мета рече дека „Албанија е на страната на своите сојузници и ја поддржува одлуката на претседателот Трамп да ги заштити човечките животи луѓето и човековите права“.
Ново на Сител
-
Завршни консултации за измени на законот за локална самоуправа
-
Пациентките приморани да чекаат со недели за мамограф и ехо преглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите