ЕК набрзо ќе ја одобри вакцината против Ковид-19 на Модерна
Европска комисија најави дека наскоро ќе ја одобри употребата на вакцината против Ковид-19 на американската компанија Модерна.
– Со одобрувањето на Европската агенција за лекови (ЕМА) за вакцината на Модерна, поблиску сме до нашата цел да имаме сигурни и ефикасни ковид-19 вакцини. Наскоро ќе уследи одобрување од ЕК, напиша на европската комесарка за здравство Стела Киријакидис.
ЕМА денеска одобри употреба на вакцината против Ковид-19 на компанијата Модерна за лица постари од 18 години.
Истражувањето спроведено на околу 28.000 луѓе на возраст од 18 до 94 години, кои немале знаци на претходна инфекција, покажува дека вакцината на Модерна е ефикасна 94,1 отсто. Додека нејзината ефикасност кај учесниците со ризик од сериозно заболување од Ковид-19, вклучително и лицата со хронични болести на белите дробови, срцеви болести, дебелина, болести на црниот дроб, дијабетис или ХИВ инфекција, е 90,9 отсто.
Висока ефикасност има и помеѓу половите, расните и етничките групи.
Вакцината на Модерна се дава во две дози во период од 28 дена.
– Вакцината на Модерна е безбедна и ефикасна, објави денеска ЕМА на Твитер.
Во ЕУ досега е одобрен вакцината на Фајзер и БиоНтек, а имунизацијата на населениет почна на крајот на декември 2020 година.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите