Едно лице потешко повредено од огнометна претстава организирана од српскиот принц Ѓорѓе
- Неколку лица биле повредени при експлозија на огнометот организиран за новогодишната прослава во градот Нови Сад. Прославата ја организирал српскиот принц Ѓорѓе Караѓорѓевиќ, а најтешко повреден во експлозијата бил Мајкл Нокс, експертот за огномет кој бил ангажиран да го подготви спектаклот.
Прославата била организирана на покривот на трговскиот центар Базар. Караѓорѓевиќ и Нокс подолго време заедно работат на подготовката на, како што самите велат, „епски огномети“ и во случајов сакале да организираат претстава за жителите на Нови Сад.
- Стручните служби ги проверија сите инсталации и утврдија дека се исполните потребните безбедносни мерки. Многу ми е жал за техничката грешка која се случи и сакам да подвлечам дека сторивме се што можевме за да ги заштитиме како посетителите така и самите себе, изјави Караѓорѓевиќ за српскиот весник Блиц. Тој додаде дека Нокс е добро згрижен во Клиничкиот центар на Војводина и дека е во стабилна состојба.
Ѓорѓе Караѓорѓевиќ е син на Томислав Караѓорѓевиќ, вториот син на убиениот српски крал Александар Први.
Ново на Сител
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети