Преглед на вестите од светот
Српските студенти цела ноќ го блокираа мостот на слободата во Нови Сад, преноќија во шатори и на стиропор. Останатите два моста беа блокирани повеќе од 3 часа во текот на вчерашниот ден. Десетици илјади граѓани и вчера, точно три месеци од несреќата на железничката станица во која загинаа 15 лица, побараа да се утврди кривична и политичка одговорност и да се објават сите документи за рекострукцијата на железничката станица. анкета
Ноќта мина без инциденти, а протестите продолжуваат и денеска. Српските студенти секојдневно поддршка добиваат од своите колеги во Хрватска и Словенија, а вчеравечер видео на социјалните мрежи од протестите со поддршка објави и американската пејачка Мадона.
Канада Мексико и Кина најавуваат контрамерки на тарифите наметнати од САД. Според извршната одредба која ја потпиша Трамп, веќе од вторник САД воведува царина од 25% за стоки од Канада и Мексико и 10% за Кина. Мексиканската претседателка преку социјалните мрежи објави дека воведуваат серија тарифни и нетарифни мерки за заштита на интересите на државата, увозни царини од 25% за американски стоки најави и канадскиот прмиер.
Како и американските тарифи, нашиот одговор исто така ќе биде далекусежен и ќе вклучува секојдневни предмети како американско пиво, вино и бурбон. Овошје и овошни сокови вклучувајќи сок од портокал, заедно со зеленчук, парфеми, облека и чевли. Ќе ги вклучи главните производи за широка потрошувачка како апарати за домаќинство, мебел и спортска опрема и материјали како граѓа и пластика, заедно со многу, многу повеќе, изјави Трудо
Трамп претходно се закани со уште поголеми давачки ако трите држави се одмаздат, а слични мерки најави и за Европската унија
Европската унија наплаќа како 20% плус, плус, плус данок на ДДВ, наречен данок на ДДВ, многу слично, и нè чинеше апсолутно богатство. Со нас се однесуваат толку лошо. Тие не ни ги земаат автомобилите, не ни ги земаат нашите земјоделски производи. Во суштина, тие не преземаат речиси ништо. И ние имаме огромен дефицит со Европската унија. Значи, ќе направиме нешто многу суштинско со Европската унија. Ќе го доведеме нивото до каде што треба да биде, рече Трамп
Кина, Мексико и Канада заедно сочинуваа повеќе од 40 отсто од американскиот увоз минатата година со што се трите најголеми трговски партнери на САД.
Американската армија изврши воздушни напади врз цели на ИСИС во Сомалија. Нападите биле дирекно нарачани од Трамп, а координирани со сомалиската влада.„Пораката до Исламската држава и секој што би ги нападнал Американците е дека ќе ве најдеме и ќе ве убиеме“, напиша Трамп на социјалните мрежи додавајќи дека во нападите убиени се многу терористи. Според проценките на Пентагон во нападите нема повредени цивили.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар