Loading Video...
Свет
31. January 2025 - 12:47

Преглед на вестите од светот

Студентите на белградските факултети втор ден се во потресната прошетка од Белград до Нови Сад, како поддршка за студентите од Нови Сад во блокадите на сите три моста во тој град, по повод трите месеци од паѓањето на надстрешницата на Железничката станица. Студентите преноќија во Инџија и денеска го продолжуваат патот до Нови Сад. Тие првиот ден без проблеми ги минаа планираните 40-тина километри. На влезот во Инџија беа дочекани со огномет, а граѓаните им обезбедија храна и пијалоци. Остатокот од трасата ќе го минат денеска, а за сабота е предвидена заедничката блокада. Колоната е обезбедена од сообраќајна полиција, а има и медицински возила.

На колоната во Стара Пазова и се приклучија и земјоделците, додека на социјалните мрежи се појави вест дека пензионерите во Србија ќе се приклучат на поддршката за студентите и дека во среда, 5 февруари, во 10:30 часот ќе организираат протестна прошетка од Плоштадот Република до Студентскиот плоштад, јави весникот Данас.

Персоналот во кулата за контрола на летање на националниот аеродром Реган во Вашингтон „не бил доволно екипиран“ во моментот на несреќата што се случи меѓу патнички авион и армиски хеликоптер, објавија американски медиуми. Персоналот „не функционирал во нормални услови во времето од денот и обемот на сообраќај“, се вели во внатрешниот прелиминарен извештај за безбедноста на Федералната управа за воздухопловство за судирот, објави Њујорк Тајмс.

„Контролорот кој управувал со хеликоптери во близина на аеродромот во средата навечер, исто така им давал инструкции на авионите што слетуваа и заминуваа од пистите“, се вели во извештајот. „Тие работни места обично се доделуваат на двајца контролори, наместо на еден“.

Инаку сите 64 лица во патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ и тројца во воениот хеликоптер што се судрија над Вашингтон се претпоставува дека се мртви. Трупот на авионот е пронајден превртен во водата, а откриени се и остатоците од хеликоптерот.

Два автобуса со палестински затвореници се ослободени од Израел и стигнаа во Рамала на окупираниот Западен Брег, а нивното пристигнување беше поздравено од стотици Палестинци.

Израелската затворска служба потврди дека ослободила 110 затвореници.  Сепак размената која во еден период од вчерашниот ден беше одложена откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упат критики за „шокантните сцени“ за време на предавањето на заложниците

- Барам посредниците да се погрижат таквите ужасни сцени да не се повторат и да ја гарантираат безбедноста на нашите заложници, додаде тој. Хамас ослободи осум израелски и тајландски заложници. Особено внимание привлече ослободувањето на Јехуд во Хан Јунис, каде што стотици припадници на Хамас и Исламски џихад се наредија како демонстрација на сила. Палестинска толпа, делумно сместена на урнатините од бомбардирани згради, ја опкружи заложничката, додека маскираните милитанти ја придружуваа низ хаотичната атмосфера.