Еден бегалец убиен при тепачка на грчко-македонската граница
Еден бегалец е убиен, а двајца други се повредени денеска при тепачка меѓу имигранти на грчката страна од границата кон Македонија, објави електронското издание на атинскиот весник „Катимерини“.
Според весникот, тепачката, која се случила рано изутринава, започнала меѓу група имигранти кои чекале на границита за влез во Македонија. Причните за тепачката не се познати,
„Катимерини“ наведува дека во последново деноноќие од Грција во Македонија преминале околу 2.000 бегалци, додавајќи дека минувањето на границата се одвива без застој.
Неколку невалдини органзиации и активисти реагираат затоа што бегалците не се сместуваат во времениот камп во пограничното село Идомени, туку чекаат на една бензиска станица на околу 20 километри од границата.
Според грчката полиција, во времениот камп во Идомени се сместени околу 500 бегалци, додека на посочената бензиска станица чекаат 39 автобуси со вкупно 2.000 лица, кои чекаат да бидат префрлени во неутралната зона на гранцата меѓу Грција и Македонија.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола