Ѕанакопулос: Договорот од Преспа е пораз на национализмот
Прв пат по распаѓањето на Југославија, национализмот не ги одредува политичките случувања во регионот, а Договорот од Преспа е стратешки пораз на национализмот, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, говорејќи на партиски настан организиран од СИРИЗА во една атинска населба.
Во обраќањето на тема „Планот и визијата за Грција во новата ера“, Ѕанакопулос се осврна и на решението меѓу Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
-Договорот од Преспа е стратешки пораз на национализмот во и вон границите бидејќи го отвора патот за соработка и развој меѓу земји кои имаат само да добијат од тоа, секако во особено тешки услови за стабилноста, но и за безбедноста во поширокиот регион. И сето ова е орден за нашата влада, орден за левицата. Затоа и ја грабнавме историската можност, без да сметаме на политичката цена, партиски интереси и без да направиме партиски пресметки, рече Ѕанакопулос и истакна дека „историјата ќе им оддаде почит на оние кои ја презедоа и ја завршија оваа многу тешка мисија“, споменувајќи ги владите од двете земји. /МИА
Ново на Сител
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
-

Брза помош Скопје - Помалку сообраќајки со тешки последици, зголемен број на мозочни удари
-

Кои се пропустите на угостителските објекти: Засилени теренски контроли на МВР и инспекциските служби
-

Ако Уставниот суд ги укине блок тарифите, неминовно ќе биде поскапување на струјата, велат експертите
-

Пораки за сплотеност и единство - Македонија го чествува денот на Св. Климент Охридски
-

Охрид го слави заштитникот на градот
-

По ковид пандемијата, „Eпидемија“ на семејно насилство во Mакедонија
-

Иселеници од Минхен донираа спирометар за струмичката спортска медицина

