Македонија
16. January 2024 - 16:24

Две лица предизвикале пожар на авто-плац во Арачиново

Денеска (16.01.2024) во 00.50 часот во СВР Скопје, Е.М.(49) пријавил дека во негов авто плац во с.Арачиново, скопско, две лица предизвикале пожар, кој бил изгаснат од негов сосед, информира полицијата.

Како што информираат од МВР, од пожарот нема опожарени возила и нема повредени лица, а увид извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.