Две деца загинаа, а пет се повредени кога возило удри во училиште во Сиднеј
Две осумгодишни деца загинаа, а пет други се посериозно повредени денеска, кога автомобил влета во училница во основно училиште во австралискиот град Сиднеј.
Како што соопшти австралиската полиција, автомобилот движејќи се со голема брзина, удрил во објектот на училиштето изграден од дрво, при што го пробил ѕидот и упаднал во училница во кој се наоѓале 24 деца и нивниот наставник.
- Тоа беше вистински хаос, многу трагичен настан, изјави локален полициски претставник.
По инцидентот во болница се пренесени пет деца, при што кај три - две момчиња на осумгодишна возраст и едно старо девет години, се утврдени посериозни повреди, но тие се во стабилна состојба. Други 16 деца и наставникот минале со лесни повреди и ним медицинска помош им е укажана на самото место.
Претставник на полицијата изјави дека не станува збор за планиран настат и дека случајот се води како сообраќајна несреќа.
Со автомобилот управувала 52-годишна жена, која не е повредена, но е пренесена во болница за проверка на крв и урина.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите