Ракомет
27. April 2016 - 17:23

Дуели од 3-то коло во ракометрниот плејоф

Во ракометниот шампионат на Македонија денеска ќе се играат два натпреварите од 3.коло на плејофот, односно, разигрувањето за шампионската титула. 
 
Трето рангираниот тим на табелата Макс Струмица гостува кај Охрид, а во Прилеп кај истоимената домашна екипа на мегдан оди составот на Работнички.  Двата натпревари ќе започнат од 19 часот. 
 
Дербито на ова коло меѓу Вардар и Металург ќе се игра во среда (4 мај), поради настапот на македонскиот првак Вардар во Лигата на шампионите, каде црвено-црните во сабота ги очекува реванш натпреварот од четвртфиналето против унгарски Веспрем.
 
Во плејаут конкуренцијата, двојките за денеска се: Металург 2 – Пелистер, Вардар Јуниор – Радовиш и Борец – Пролет. 
 
Табела – плејоф: Вардар 6 бодови, Металург 6, Макс Струмица 6, Прилеп 0, Работнички 0 и Охрид 0.
 
Табела – плеј аут: Пелистер 27 бодови, Вардар Јуниор 24, Радовиш 24, Пролет 18, Борец 13, Металург 2 1.