Државната изборна комисија одржа седница, усвоена предлог-одлука на потпретседателката на ДИК Шеху
Државната изборна комисија утврди дека предметите и актите доставени до дополнителниот заменик министер, а се однесуваат за известување, обезбедување финансиски средства согласно член 51 од Законот за буџет и известување за обезбедени финансиски средства по основ на барање за вработување на неопределено, определено време, договори на дело и авторски договори, привремени вработувања, како и превземања, не претставуваат акти или документи кои се однесуваат на правни, финансиски, кадровски прашања поврзани со организација на согласно член 46 став 3 од Законот за Влада.
Оваа предлог одлука предложена од потпреседателката на ДИК, Дитмире Шеху беше донесена на денешната 78. седница од страна на членовите на ДИК, со четири гласа за и два против.
Бобан Стојановски член на ДИК посочи дека од самиот допис немаат доволни докази за да се впуштат или да одлучуваат дали одредено прашање е поврзано со кадровски, финансиски прашања, а поврзани со изборите согласно Законот за Влада.
- Од причина што во самиот допис се наведени одредени архивски броеви, со датум, од коишто ние не можеме да цениме на што се однесуваат овие архивски броеви, вели Стојановски.
Седницата заврши со усвојување на Предлог одлуката на потпретседателката на ДИК, Шеху со четири гласа За и два Против, додека предлогот на Бобан Стојановски член на ДИК не беше прифатен, односно четири членови гласаа Против, а двајца За.
Ново на Сител
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје