Балкан
20. August 2016 - 13:11

ДРАМА во Зеница: Пациентка скокна од кров на болница, лекарите се борат за нејзиниот живот

Во Кантоналнта болница во Зеница утрово се случувала вистинска драма, кога една пациентка од невропсихијатрија со иницајли А.Џ. скокнала од кровот на болницата.

Жената се здобила со тешки повреди, а лекарите во моментов се борат за нејзиниот живот.

Пријавата за инцидентот стигнала утрово во 8:05 часот. Полицијата врши увид, а на местото на настанот е и кантонален обвинител.