Донаторска кампања на Веро и СОС Детско село за почетокот на школската година
Секој почеток на школската година, во Веро традиционално е во знакот на хуманоста и донаторството со цел да се овозможат услови за успешен старт на учебната година за децата поддржани од СОС Детско село. И оваа година Веро, заедно со своите партнери и добавувачи, организира хуманитарната донаторска кампања во која може да се вклучат сите потрошувачи кои сакаат да им помогнат на децата од оваа ранлива категорија да добијат еднакви услови во образовниот процес.
Хуманитарната донаторска кампања под слоганот „Во Веро направи добро дело за СОС Детско село“ почнува денеска (20 август) и ќе трае до 20 септември. Со купување на означените производи од училишната програма во Веро и Jumbo, потрошувачите автоматски донираат одредена сума која се насочува во фондот наменет за образовните потреби на децата од СОС Детско село. Со секој купен означен ранец, потрошувачите автоматски донираат 30 денари, за училишен несесер 10 денари, додека за секој училишен прибор донацијата е 1 денар.
Веро ја организира оваа донаторска кампања петта година по ред во соработка со своите партнери и добавувачи од „Графотекс“, „Просветно дело“, „Пан граф“, „ТОЗ МК“, „Унивел“, „Солушн Д“, „Офис плус“ и „Папироти“. Од Веро истакнуваат дека и годинава, исто како и претходните години, очекуваат масовен одзив од потрошувачите кои несебично се вклучуваат во кампањата и овозможуваат издвојување средства од продажбата на училишни материјали за децата од СОС Детско село.
- Нашите потрошувачи ја препознаваат силната хумана димензија на оваа активност, што најдобро се огледува во нивната масовна вклученост изминатите години. Веруваме дека и оваа година ќе биде исто бидејќи едно од највозвишените чувства кај сите нас е сознанието дека на некој начин сме ѝ помогнале на најранливата категорија во заедницата, а тоа се децата. Помагајќи им на децата да имаат еднакви можности во образованието, ние вложуваме во нашата заедничка иднина и токму таа мисла нѐ води сите овие години при реализацијата на оваа кампања – вели Петар Денковски, генерален директор на „Веро“.
Веро е долгогодишен партнер на СОС Детско село во реализацијата на бројни хумани активности со кои се создаваат подобри услови за децата без родителска грижа. Од СОС Детско село го истакнуваат големото значење на соработката со Веро и изразуваат благодарност за континуираната поддршка.
- Веќе петта година по ред нашиот стратешки партнер Веро, со поддршка од неговите соработници за набавка на училишна опрема, ја организира „Back to school“ хуманитарната кампања за поддршка и подобрување на образовниот процес на децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село. Со оваа кампања ќе поддржиме над 150 деца и млади, од кои 19 деца ќе бидат првачиња и ќе го започнат школувањето на пат кон посигурна иднина. Голема благодарност до Веро и партнерите, горди сме што ја поддржуваат нашата кауза и помагаат сите деца да добијат еднаква шанса за образование - вели Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата
-
Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот
-
Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот
-
Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката