ДИЦ: Тестови не се пробиени туку споделувани во вибер-групи откако почна испитот
Државниот испитен центар (ДИЦ) демантира објави во некои медиуми дека се пробиени тестови од државната матура и појаснува дека имало споделување на тестови во вибер-групи откако почнало полагањето на испитот.
- Тестовите од Државен испитен центар не се пробиени. Тестови не се пробиени до 10 часот кога почна тестирањето, тестови се споделени во вибер-групите од страна на членовите откако започна реализацијата на испитот. Државниот испитен центар нагласува уште еднаш тестот не е пробиен, туку бил споделуван откако е започната реализацијата на испитот, соопшти ДИЦ.
Наведува дека како и во минатите години, пред почетокот на државната матура апелирал до сите матуранти и до сите што се вклучени во реализацијата на испитот да се почитуваат правилата за изведување на државната матура.
- Должност и обврска на ДИЦ е да ја спроведе матурата со подготовка на тестовите и нивна дистрибуција до училиштата. Тој процес е најпрофесионално извршен од ДИЦ, посочува Државниот испитен центар и информира дека ќе постапи согласно законот доколку се нарушени правилата за реализација на испитите.
Матурантите денеска од 10 часот го полагаа вториот екстерен испит кој е изборен од предметите: Математика, Англиски јазик, Германски, Француски, Руски јазик, Филозофија и Естетика.
Ново на Сител
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари
-
Преглед на вестите од светот