Македонија
19. September 2019 - 12:25

Девојче паднало од балкон на втор спрат од куќа во гостиварска Долна Бањица

Тринаесетгодишно девојче синоќа паднало од балкон на вториот кат од куќа во гостиварска Долна Бањица, информираат од СВР Тетово.

При падот, девојчето се здобило со повреди на телото и било пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.
 
Увид извршила екипа од полициската станица во Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.