Делегација од Собранието ќе учествува на ПС на НАТО во Брисел
Делегација од Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, ќе учествува на редовните состаноци на комитетите, кои секоја година традиционално се одржуваат во Брисел, Кралството Белгија. Оваа година, состаноците ќе се одржат од 21 до 23 февруари 2022 година.
-На состаноците ќе учествуваат делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО. Од Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува целата делегација во состав: Арта Билали-Зендели, шеф и членовите Илија Николовски и Антонијо Милошоски, известуваат од Собранието.
На маргините на овие настани, ќе се одржи и специјален состанок на Постојаниот комитет на ПС на НАТО.
-Исто така, предвидено е шефот на Делегацијата Арта Билали-Зендели да учествува на состанок на Североатлантскиот совет во седиштето на НАТО, на кој ќе се дискутира за актуелните прашања во фокусот на Алијансата, соопштуваат од Собранието.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење
-
Самит на ЕПП во Брисел, неизвесна средба Мицкоски - Борисов