Делегација на Амбасадата на САД во посета на РЕК Осломеј
Делегација на амбасадата на САД во РС Македонија беше во работна посета на РЕК Осломеј, со цел да се запознае со работењето на рударско-енергетскиот комбинат, но и со неговиот статус на прв проект за енергетска трансформација во земјата, кој успешно се спроведува преку неколку етапи, информираат од АД Електрани.
-Заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, д-р Имер Зенку, ја запозна економската делегација од Амбасадата на САД со 10-мегаватната фотонапонска електрана Осломеј 1, изградена врз поранешното наоѓалиште за јаглен, како и со локацијата за изградба на втора фотонапонска електрана со ист капацитет, и двете во сопственост на АД ЕСМ, известуваат од АД Електрани.
Делегација ја посетила и локацијата каде се градат две сончеви електрани од по 50 мегавати, како јавно-приватно партнерство меѓу АД ЕСМ и приватни инвеститори од Бугарија и Турција.
-Политичко – економскиот советник во Амбасадата на САД во земјава, Џерек Бас и советникот за економски прашања, Јордан Дамчевски беа запознати со плановите на АД ЕСМ да го зголеми своето портфолио од обновливи извори на енергија и со одлучниот пристап на компанијата во изградбата на електрани за т.н. чиста електрична енергија, од сонце, ветер и вода, соопштуваат од АД Електрани.
Оттаму додаваат дека значајни капацитети на соларни електрани се подготвуваат за изградба во кругот на РЕК Битола, како дел од проектот за енергетска транзиција, кои заедно со електрана на природен гас, согласно усвоената енергетска стратегија на државно ниво, треба да го заменат јагленот во РЕК Битола во следната деценија
Ново на Сител
-
Вонредна седница на Владата
-
Зошто пропадна тендерот на ЈСП за набавка на нафта?
-
За влакно избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ
-
Се лансира правосудна мрежа за борба против корупцијата
-
Директорот на Детска контра решението на ДСЗИ – Системски проблем не се решава за 30 дена
-
Со мерки за старите возила Владата сака да го намали аерозагадувањето – За екоактивистите потребен е долгорочен план
-
Киев: Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета - Москва молчи
-
Министерот за транспорт и уште 10 лица уапсени во Нови Сад