Дејвид Боуви доби свое соѕвездие
Неодамна починатиот британски музичар Дејвид Боуви доби свое соѕвездие, кое е замислено како негов симболичен дом по смртта.
Иницијаторите на ваквата идеја, белгиското радио Студио Брисел и опсерваторијата МИРА, соопштија дека биле поттикнати од фактот дека „Универзумот претставувал голема инспирација“ за Боуви.
Според нив, доказ за тоа се и неговите неколку хитови „поврзани со Вселената“ - „Starman“, „Space Oddity“, „Life on Mars?“ и „"Hallo Spaceboy“.
- Не беше лесно да се одбере соодветно соѕвездие. Поврзувајќи ги со албумите на Боуви, одбравме седум ѕвезди, меѓу кои и Сигма Либре, Спика, Зета Кантаур, САА 204 132 и Бета Сигма Октантис Триангули Аустралис во близината на Марс. Ова соѕвездие формира идентична копија со молњата која се појавува на кориците на албумот на Боуви, „Aladdin Sane“ и е забележано точно во времето на неговата смрт, изјави Филип Молет од опсерваторијата МИРА.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип