Македонија
22. March 2025 - 16:57

Затворени 2 угостителски објекти, пуштале музика во денови на жалост, контролите продолжуваат

Затворени 2 угостителски објекти во скопски центар затоа што пуштале музика , не почитувајќи ја владината одлука за седумдневна жалост.Од слобода се лишени 26 годишниот  Ф А од  скопско и 22 годишниот ВВ од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик, информираат од МВР. По документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, а можат да се соочат и со затворни казни. Токму членот 387 од кривичниот законик се однесува   на делото органзиирање отпор и гласи:

„ТОЈ ШТО ЌЕ ОРГАНИЗИРА ДРУГИ НА ОТПОР ИЛИ НА НЕПОСЛУШНОСТ СПРЕМА ЗАКОНИТИ ОДЛУКИ ИЛИ МЕРКИ НА ДРЖАВЕН ОРГАН, ЌЕ СЕ КАЗНИ СО ПАРИЧНА КАЗНА ИЛИ СО ЗАТВОР ДО ТРИ ГОДИНИ“.

Контролите низ цела територија продолжуваат  Инспекторите од ДПИ и МВР  се на терен и ги  проверуваат сите угостителки објекти.. Од направените контроли на Министерството за транспорт пак, до сега одзмени се 100 лиценци на фирми за проектирање, изградба и надзор при  градба.   

-  Во однос на оние контроли кои се спроведуваат на сите објекти со и без лиценци активноста продолжува, анализите се обемни, а проверките темелни се со цел утврдување дали истите ги почитуваат минимално техничките услови..

- Сакам да ја информирам јавноста и за преземените активности на Министерствот за транспорт и врски, каде од досега направените контроли  утврдени се голем број на лиценци кои со решение ќе бидат одземени, и тоа кај околу 100 затоа што е утврдено дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени, изјави Марија Митева, портпарол на Влада

За непочитување на владината одлука за 7 дневна жалост,неделава беа приведени двајца 18 годишници, кои прославуваа роденден со огномет во центарот на Скопје. ., а се трага и по лицата кои во Скопски Бутел палеа пиротехника и бегаа со мотор. .