Бројката на повредени во трагедијата во Кочани надмина 200 - Во Македонија на лекување се 54 пациенти и се стабилни
Уште шест млади лица кои во саботата биле во клубот во Кочани вчера се хоспитализирани на Токсикологија. Неколку дена по трагедијата почувствувале отежнато дишење и болки во градите од вдишаниот чад. Министерот за здравство информираше дека нивната состојба е стабилна, но викендот ќе останат под лекарски надзор на Клиниката. Со последните приеми бројката на повредени во големата трагедија надмина 200, а 59 загинаа.
Во моментот во македонските болници хоспитализирани се 54 пациенти, најмногу 27 се на клинички, 11 во ГОБ 8 септември, 10 во Стара градска и 6 во приватни болници.
- Генерално се изгореници, некаде имаме и скршеници кои што можеби ќе бидат задржани подолго и ќе треба да се оперираат. Изгореници на слузокожа на дишни патишта, токсичност… рече Арбен Таравари, министер за здравство.
Вчера на домашно лекување од скопските болници и клиники беа пуштени 10 пациенти, а Таравари најави дека во понеделник дома ќе заминат уште најмалку 5 повредени, но и понатаму ќе се следат.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар