Преглед на вестите од светот
Во Нови Сад утре е ден на жалост во знак на почит кон 16 та жртва од уривањето на настрешницата на железничката станица во тој српски град на 1 ноември, лани. По четири и пол месеци борба за живот 19 годишниот Вукашин Црнчевиќ им подлегна на повредеите вчера. Беше мегу тројцаа најтешко повредени при падот на настрешницата. Во Нови САд синока ученици , студенти и грагани мирно прошетаат до Жечензичкаат станица каде положија цвеке и оддадоа 16 минитно молчење.
Трагедијата во Нови САД со месеци предивкува протести на студентите и граганите во Србија на кои се бара одогвоност за падот на настрешницата.
Турската полиција привела 343 лица на синоќешните протести во Анкара, Истанбул и Измир. Трета нок по ред илјадници Турци излегоа на улиците барајки инто ослободување градоначалникот на Истнабул Екрем Имамоглу, главен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган.. Министестерството за внатреши рабти на Труција соопшти дека приведувањата се направени за да се спречат нарушувања на јавниот ред и предупреди дека нема да толерираат хаос и провокации. Имамаглу беше приведен во средата под обвинение за корупција и помагање на терористичка група. Главната опоцизиска Републиканска народна партија го планира Имамоглу за канддаит за претседателките избори во 2028 година а според некои анкети водел пред Ердоган. Ако Имамоглу биде осуден за тероризам, турксиот закон им дозволува на властите да го заменат на градоначалничкото место со свој функционер.
„Ако се обидете да го допрете градоначалникот Екрем , самиот Истанбул ќе ја скрши раката што посегнува по волјата на Истанбул, изјави претседателот на турската опозициска Републиканска народна партија , Озгур ОЗел.
Лондонскиот аеродром Хитроу, кој вчера цел ден беше затворен поради пожар на трафостаница, од утрово е отворен и работи со полн капацитет информира управата на аеродромот. Полицијата пак соопшти дека истрагата за утврдување на причините за пожарот продолжува. Хитроу е најпрометниот аеродром во Европа и петти најфреквентен во светот.
Русија очекува позитивен исход во преговорите со САД за Украина закажани за понеделник во Саудиска Арабија. Ова го изјави Григориј Карасин, еден од двајата преговарчи кои рускиот претседател Владимир Путин ги испраќа во Саудиска Арабија. И американско украински разговори се закажани за понделник во Саудиска Арабија. Во фокусот на сосотаноците ќе биде предлогот на САД за спроведување на прекин на огнот во Црното Море. Целта на сегашната фаза од преговорите меѓу САД, Русија и Украина е да се постигне целосен прекин на огнот на 30 дена а во тој период страните да разговараат за можностите за траен прекин на непријателствата изјави специјалниот претсавник на американскиот претседател Стивен Виткоф .Според него статусот на Крим и четири региони што Русија ги приклучи кон Федерацијата се главниот проблем за решавање на војната во Украина. Украина не ги признава како руски. Москва бара признавање на овие територии како дел од Русија на меѓународно ниво со цел да започне мировниот процес.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар