Црна Гора воведе санкции за три руски компании
– Црна Гора ги поддржа европските санкции против три руски компании, кои, според соопштението на Советот на ЕУ, се вклучени во зделки со нафта во Сирија и служат за помагање на операциите на групата Вагнер, за која се вели дека е руска платеничка армија, јави РТЦГ.
Освен за три компании, Црна Гора воведе санкции и за двајца руски државјани кои, како што се тврди, се во највисокото раководство на Вагнер групацијата.
Соопштението за одлуката на Црна Гора беше објавена од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност на веб-страницата на Советот на ЕУ.
Под санкциите се Velada LLC, Mercury LLC и Evro Polis LLC. И Андреј Трошев и Андреј Богатов.
Кон овие мерки, како што се посочува, се прибегнува поради вмешаноста на овие лица во настаните во Сирија.
Црна Гора неодамна поддржа уште еден пакет европски санкции против Вагнер групата, поради обвинувањата за кршење на човековите права во некои африкански и азиски земји, но и во источна Украина.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски